Ракомет

Бутел и Тиквеш фаќаaт место во плеј-офот, фаворитите Еурофам Пелистер, Алкалоид и Вардар без проблеми!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Започна пролетната полусезона во македонската ракометна Суперлига со натпреварите од 17. коло. Првото пролетно коло не донесе некое изненадување, со оглед на тоа што резултатите и победите беа очекувани, фаворите одиграа според планот.

Шампионот Еурофарм Пелистер со 20 голови разлика го декласираше Куманово за конечни 46:26, каде битолскиот тим го водеше Радивојевиќ со 11 гола, а пак за Куманово најдобри стрелци беа Филипе и Да Силва Фернандес со по пет гола.

Вардар со пет гола разлика за 29:34 ја започна пролетната полусезона со победа над Пролет на гостински терен, каде домашниот тим имаше сили за едно полувреме.  Лазаревски со седум гола беше најдобар кај Вардар, а кај Пролет тоа беа Стојановски и Палевски со по шест гола.

Лидерот Алкалоид ја декласираше Струга со 14:38, во натпревар каде стружани немаа сили ниту во првото ниту во второто полувреме да парираат, а ниту можеа во едно полувреме да дојдат до двоцифрен број на постигнати погодоци. Во првиот дел Струга постигна пет гола, а во вториот нешто повеќе односно девет за вкупно 14.

Новото засилување во тимот од Автокоманда, Мартин Ивановски со шест гола беше најдобар стрелец, за Струга се истакна Филип Пајкоски со пет гола.

Прилеп остана со празни раце на домашен терен, откако загуби од Бутел со 28:33 и тоа може да значи и крај на надежите за место во плеј-офот. Неизвесне и интересен меч каде прилепчани во првиот дел играа одлично, а во вториот имаа пад во играта, а тоа значеше дека двата бодови заминуваат на контото на Бутел. Кај победничкиот тим најдобар стрелец беше Христијан Милошески со шест гола, а пак кај Прилеп се истакна Божидар Илиески имаше шест.

Охрид немаше никаков проблем во Велес и како голем фаворит стигна до целиот „плен“ откако со 29:35 славеше над дебитантот Бисинов. На почетокот домаќинот се обиде да парира против охриѓани, но за тоа немаа енергија, сили и капацитет, па Охрид во текот на мечот не му дозволи на противникот било каква можност за изненадување.

Ловро Јотиќ со седум погодоци го водеше Охрид до триумф во Велес, а кај поразениот тим се истакнаа Миланов, Черубим и Петров со по четири реализации.

Тиквеш на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ без проблеми го совлада „фенерџијата“ Радовиш и обезбеди триумф кој ќе значи и место во плеј-офот, откако кавадарчани славеа над радовишани со 32:26. Охриѓанецот Даниел Андоноски со седум погодоци беше најдобар во редовите на Тиквеш, а кај Радовиш најдобар беше Славе Јанковски со седум гола.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство...

Ракомет

РФМ ги делегираше судиите за Ф4 во Струмица – познати арбитрите за полуфиналињата и финалето

Салата „Парк“ во Струмица викендов ќе биде домаќин на завршниот турнир од...

Ракомет

Во Скопје ќе се крои новата регионална ракометна лига

Главниот град на Македонија ќе биде домаќин на клучен состанок за иднината...

Ракомет

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе делат правда на меч од четвртфиналето во ЛШ

Силвана Карбеска и Марија Илиева добија уште едно големо признание од Европската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!