Втора лигаФудбал

Арсими се засили со Мартин Радуловиќ Величковиќ

Сподели
Сподели

Второлигашот Арсими од Чегране за пролетната полусезона се засили со 22-годишниот Мартин Радуловиќ Величковиќ, кој во тимот на Арсими доаѓа од редовите на Биље од Словенија, а има настапувано и за Слован Братислава, Адриа Мирен, а има настапувано и за Вуштри од Косово додека пак во македонскиот шампионат беше дел од Вардар и Пелистер.

Дефанзивецот ќе биде одлично засилување и освежување во редовите на Арсими за пролетниот дел кој носи и интернационално искуство.

Арсими презимува на 4. место на табелата со 29 бодови и во пролетниот дел ќе ги напаѓа местата кои водат кон Прва лига, а пролетната полусезона ја отвара во Струмица против Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!