ИнтернационалциФудбал

Мазари е нов играч на хрватскиот прволигаш Вараждин

Сподели
Сподели

Атдхе Мазари и официјално од денес е нов играч на хрватскиот прволигаш Вараждин, тој во хрватскиот клуб доаѓа од редовите на македонскиот прволигаш Работнички.

23-годишниот играч од Струга, кој има неколку настапи за младинската репрезентација на Македонија, ќе биде големо засилување за Вараждин, тој на 18 меч во дресот на Работнички постигна осум гола и го привлече вниманието на Вараждин, а притоа запиша и три асистенции.

Низ својата кариера има настапувано за Шкендија, Струга, Охрид, Победа и Работнички во домашниот шампионат, а трансферот во Вараждин е неговиот прв меѓународен трансфер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!