Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со шестка за „фенерџијата“ Кочани, Драгана Костова со два гола ги „закачи копачките“

Сподели
Сподели

Во 14. коло од Првата женска фудбалска лига, кое воедно е и последно во есенскиот дел од сезоната 2026/27, на четирите досега одиграни натпревари беа постигнати вкупно 15 погодоци.

Тиверија Брера беше најефикасна со шест гола на гостувањето во Кочани, Љуботен убедливо ја совлада Речица, додека Скопје 2014 и Каменица Саса забележаа победи без примен погодок.

Колото ќе биде комплетирано денеска, со натпреварот меѓу Пелистер Про 2026 и АСС Јунајтед во Битола, закажан за 13:30 часот.

Кочани – Тиверија Брера 1:6 (0:3)

Тиверија Брера ја заврши есенската полусезона со убедлива гостинска победа против Кочани од 6:1.

Леонтина Пржолева го отвори резултатот во четвртата минута, а Розита Пецева во 39. минута зголеми на 0:2. Билјана Панеска во 43. минута погоди за 0:3 на полувремето.

Во продолжението домаќинките намалија преку Софија Велинова во 56. минута, но Пецева со уште два гола, во 63. и 69. минута, го комплетираше својот хет-трик. Панеска со вториот погодок во 71. минута ги постави конечните 1:6.

Љуботен – Речица 4:0 (2:0)

Љуботен ја оправда фаворитската улога и пред својата публика во Тетово славеше со 4:0 против Речица.

Домашниот состав уште во првото полувреме создаде предност од два погодоци, која ја удвои во продолжението. Со сигурната реализација и зачуваната мрежа, Љуботен успешно го заокружи настапот во оваа рунда.

Скопје 2014 – Вардар 2023 2:0 (0:0)

Скопје 2014 забележа важна домашна победа против Вардар 2023 со 2:0, откако двата погодоци ги постигна во второто полувреме.

Првите 45 минути завршија без голови, а отпорот на гостинките беше скршен во 59. минута, кога Елена Наумоска го отвори резултатот. Рабија Дервиши во 84. минута го потврди триумфот.

Каменица Саса – Истатов 2:0 (1:0)

Каменица Саса ја искористи предноста на домашниот терен и го совлада Истатов со 2:0.

Драгана Костова беше херој на натпреварот со двата постигнати погодоци. Првиот го реализираше уште во осмата минута, а во 58. минута повторно ја затресе противничката мрежа за конечни 2:0.

За Костова ова беше последниот натпревар во нејзината кариера, откако 35-годишната фудбалерка реши да стави крај на својата професионална кариера, а истата ја заврши со победа во дресот на Каменица Саса и тоа со два погодоци на нејзиниот последен официјален меч, со многу емоции.

Пелистер Про 2026 – АСС Јунајтед: Последниот натпревар од есенскиот дел

Последниот натпревар од 14. коло е закажан за денеска од 13:30 часот во Битола, каде што Пелистер Про 2026 ќе го пречека АСС Јунајтед.

Со овој дуел ќе биде заокружена есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига, по што следува зимската пауза.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со шестка за „фенерџијата“ Кочани, Драгана Костова со два гола ги „закачи копачките“

Во 14. коло од Првата женска фудбалска лига, кое воедно е и последно во есенскиот дел од сезоната 2026/27, на четирите досега одиграни...

Кошарка

Работнички незапирлив, МЗТ убедлив против Штип, Кожув со пресврт во Струмица, Пелистер славеше во Битола!

Осмото коло од кошаркарската МТЕЛ Суперлига донесе четири интересни натпревари, во кои Работнички ја продолжи победничката серија, МЗТ Скопје Аеродром се врати на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Скопје ја преполови разликата до Арсими: Варадиновски ја врати надежта во Автокоманда за опстанок

Скопје конечно ја запиша првата првенствена победа сезонава, совладувајќи го Арсими со...

Прва лигаФудбал

Тиквеш се одвои од Вардар: три гола во Скопје за посилен притисок врз врвот

Тиквеш го совлада Вардар со 0:3 на Националната арена „Тодор Проески“ и...

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!