Суперлигашот ГРК Тиквеш ќе добие нов шеф на стручниот штаб, откако клубот од Кавадарци се раздели со Кристијан Грчевски, а одлуката за разделба била донесена на заедничкиот состанок на кој присуствувале Управниот одбор, сите членови на Надзорниот одбор, комплетен стручен штаб и ракометарите од првиот тим.
Од клубот соопштија дека била прифатена одлуката на Грчевски за повлекување од досегашниот шеф на стручниот штаб.
Од клубот му се заблагодарија на Грчевски за неговиот досегашен ангажман, посветеност и придонес во остварувањето на спортските резултати во клубот во изминатите години.
Клубот од Кавадарци информираше дека веќе се започнати разговори за ангажирање на нов шеф на стручниот штаб.
Тиквеш по единаесет одиграни коа има учинок од пет победи, едно реми и пет порази.