ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Сподели
Сподели

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски има македонски корени, а неговото семејство потекнува од Могила.

Љубовта кон фудбалот очигледно е семејна традиција. Неговиот татко долги години го носел дресот на ФК Могила, а денес малиот Филип ги следи неговите фудбалски стапки, покажувајќи го својот талент на фудбалските терени во Америка.

Филип е дел од екипата Elmwood Park Gators U10, која во пролетната сезона 2026 ја освои шампионската титула во категоријата до 10 години, во деветтата натпреварувачка група на лигата MCYSA.

Изминатиот викенд Јаневски успеа да постигне хет-трик со што уште еднаш најавува сезона полна со погодоци.

Ова претставува уште еден убав момент во фудбалската приказна на младиот Филип, кој уште на десетгодишна возраст може да се пофали со освоена шампионска титула со својот тим.



Убаво е кога од далечната Америка пристигнуваат вакви фудбалски приказни, особено кога во нив има дел од нашата Македонија, но и од Могила, од каде што потекнува семејството на младиот фудбалер.

На Филип му посакуваме многу здравје, успеси и уште многу постигнати погодоци. Можеби еден ден токму ова момче ќе го облече и дресот на македонската репрезентација!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски има македонски корени, а неговото семејство потекнува од Могила. Љубовта кон...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!