Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

Сподели
ФОТО: КК МЗТ
Сподели

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера во старата сала „Јане Сандански“ го совлада големиот Реал Мадрид со 69:68, приредувајќи вистинска сензација на европската кошаркарска сцена.

Беше 6 ноември 1996 година, кога популарната „Лименка“ во скопски Аеродром стана место на еден од најголемите успеси во историјата на македонската клупска кошарка.

Во рамките на Купот Сапорта, МЗТ Скопје го пречека славниот Реал Мадрид, екипа предводена од легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ, во чиј состав настапуваше и големиот Дејан Бодирога.

Но, македонскиот претставник, предводен од тренерот Александар Књазев, покажа дека имињата и реномето не се пресудни на кошаркарскиот терен.

„Тишина е потребна…“ – слободните фрлања што испишаа историја

Натпреварот донесе драматична завршница, а одлуката за победникот падна во последните секунди.

На три секунди пред крајот, Перо Блажевски застана на линијата за слободни фрлања и со две прецизни реализации му ја донесе на МЗТ историската победа од 69:68.

Токму во тие моменти од телевизискиот пренос одекнаа незаборавните зборови на легендарниот спортски коментатор Љубомир Николовски:

„Тишина е потребна…“

Зборови кои заедно со двата погодени слободни фрлања засекогаш останаа дел од колективната меморија на македонските љубители на кошарката.

Перо Блажевски со 22 поени го предводеше МЗТ

Блажевски беше најефикасниот кошаркар на МЗТ со 22 поени, погодувајќи ги и сите четири обиди за три поени.

Мирза Куртовиќ постигна 15 поени, Врбица Стефанов додаде 14, додека Американецот Марк Дин го заврши натпреварот со 11 поени и седум скока.



Свој придонес во големиот триумф дадоа и останатите кошаркари на МЗТ, кои успеаја да го совладаат еден од најреномираните европски клубови.

Популарниот Кипре се присетува на оваа голема победа

На овој голем настап се сеќава и Горан Кипријановски, попознат во јавноста под прекарот „Кипре“, кој е еден од најпознатите и најверните македонски спортски навивачи, кој често се опишува и како вистински спортски амбасадор на Македонија.

ФОТО: Моменти кои будат силни емоции од 6 ноември 1996 година

Тој пред графитот посветен на големата историска победа на Реал Мадрид, се фотографираше со оригиналниот дрес кој го носеше Перо Блажевски, човекот кој го реши мечот во култната „Лименка“.

„Тишина е потребна…. Пред точно 30 години, на 06.11.1996 година легендарниот Македонски кошаркар Перо Блажевски го “урна” Кралскиот КК Реал Мадрид и ја донесе историската и најдрага победа за КК МЗТ Скопје. Човек за респект и почит, пример за многу спортисти и спортски работници Оваа победа не беше само за КК МЗТ Скопје и нејзините навивачи, туку и за Скопје и цела Македонија. Еден е Перо Блажевски“, вели Кипре.

Три децении подоцна – победата сè уште се памети

Триесет години по историскиот натпревар, МЗТ Скопје се потсети на големиот успех и на моментите кои останаа симбол на клубската историја.

„Поминаа 30 години, а како вчера да беше кога големиот Реал Мадрид падна во Аеродром. Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди на „кралевите“ со наведнати глави ја напуштија култната „Лименка“, совладани од четата предводена од тренерот Александар Књазев. Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш остануваат врежани како главно сеќавање од најголемата победа во историјата на нашиот клуб. Историја што не се брише. Гордост која трае. Одиме понатаму“, велат од македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Победата над Реал Мадрид и денес претставува еден од највпечатливите европски резултати на македонската клупска кошарка, но и потсетување на времето кога старата сала „Јане Сандански“ беше вистинска кошаркарска тврдина.

Поминаа три децении, се сменија генерации кошаркари и навивачи, но 6 ноември 1996 година останува датум кој никогаш нема да биде заборавен. Денот кога МЗТ Скопје го победи големиот Реал Мадрид и кога „Лименката“ славеше победа за историја!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет...

Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!