Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

Сподели
Сподели

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има уште една спогодбена разделба меѓу клубот и тренерот на голмани Дарко Денков.

Самиот Денков ја потврди спогодбената разделба, притоа се заблагодари за досегашната соработка и на клубот му посака успех во иднина.

„Од денес повеќе не сум дел од стручниот штаб на ФК Детонит Плачковица, каде што ја извршував функцијата тренер на голманите. Со клубот се разделуваме спогодбено, со меѓусебно почитување и благодарност за досегашната соработка. Упатувам искрена благодарност до стручниот штаб, управата, играчите и навивачите на клубот за довербата, поддршката и заедничките моменти. На ФК Детонит Плачковица му посакувам многу успеси и среќа во понатамошната работа“, вели Денков.

Како што ексклузивно објави пред сите Спортска Мрежа, Драги Коцев ќе го води Детонит Плачковица, кој досега беше помошник на Здравков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!