Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов ќе ја пречека хрватска Горица во реванш-натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп, со јасна цел – да ја надомести негативата од првиот дуел и да избори пласман во следната рунда.

На првата средба во Хрватска, Горица славеше со 27-24, откако Бутел имаше период во кој ја презеде контролата и поведе со два гола разлика. Сепак, домаќините направија пресврт во финишот и си обезбедија предност од три погодоци пред гостувањето во Скопје.

Сега избраниците на Стојанче Стоилов ќе ја имаат предноста на домашниот терен, каде што ќе мора да одиграат максимално концентрирано и да ја искористат секоја можност за да ја анулираат негативата. Целта е јасна – победа со потребната разлика и продолжување на европската приказна.

ФОТО: РК Бутел

Поддршката од трибините може да биде важен фактор во битката за посакуваниот резултат. Влезот за натпреварот е слободен, па Бутел ги повикува навивачите да ја исполнат салата „Расадник“ и да им дадат дополнителен мотив на ракометарите во обидот за европски пресврт.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи...

Ракомет

РФМ одржа состанок со ракометните судии од Скопје, во фокус реактивирањето на Скопскиот судиски збор

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа состанок со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!