Шестото коло донесе голема победа за Пчиња која со 2:1 славеше над лидерот Куманово во меч од 6. коло на Трета лига регион 2 на домашен терен.
Давид Блажевски и Бобан Стојановски беа стрелци за домаќинот во првиот дел, на стартот од вториот дел погоди Марио Томовски за конечните 2:1.
Во Старо Нагоричане немаше победник откако Козјак и Академија Осогово од Крива Паланка одиграа 0:0.
Беса од Слупчане со 0:3 славеше гостинска победа над Речица со головите на Мерван Фетаи и Харум Касуми во првиот дел и Сунај Демири во 89. минута.
Со овие натпревари се комплетираше шестата рунда.