Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што ја задржаа лидерската позиција на табелата.

Избраниците на Лино Червар уште во првиот дел ја наметнаа својата игра и на паузата заминаа со шест гола предност (20-14). По одморот, разликата дополнително се зголемуваше, а домашниот состав немаше одговор за расположениот ривал.

Капитенот Филип Кузмановски беше прв стрелец кај победникот со девет погодоци, додека Саду Нтанзи го заврши натпреварот со пет гола. Во редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски се истакна со пет реализации.

По седум одиграни кола, Еурофарм Пелистер има шест победи и едно реми и останува на врвот во домашното првенство. Прилеп, пак, со осум бода се наоѓа на петтото место и продолжува да ја бара својата шанса во трката за плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

Ракомет

Драма во Куманово: Мамдух со гол за победа над Младост Богданци во финишот!

МРК Куманово ја забележа првата победа во новата сезона од ракометната Суперлига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!