Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на домашен терен го совладаа австрискиот Келаг Ферлах со 31-22 во првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп. Скопскиот состав ја искористи предноста на домашниот терен и обезбеди значителна залиха пред реваншот, кој ќе го даде одговорот за патникот во следната фаза.

Избраниците на Кирил Лазаров успешно го отворија настапот на меѓународната сцена, а деветте гола предност им даваат добра почетна позиција пред гостувањето во Австрија. Алкалоид ја оправда фаворитската улога и направи важен чекор кон продолжување на европскиот пат.

ФОТО: РК Алкалоид

Марко Митев беше најефикасен во редовите на македонскиот претставник со седум погодоци, додека Никола Костески го следеше со шест гола. Реванш-средбата против Келаг Ферлах ќе се одигра следната седмица во Виена, каде што Алкалоид ќе се обиде да ја потврди предноста и да го завери пласманот во следното коло.

ФОТО: РК Алкалоид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Драма во Куманово: Мамдух со гол за победа над Младост Богданци во финишот!

МРК Куманово ја забележа првата победа во новата сезона од ракометната Суперлига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!