Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната публика забележа убедлива победа од 3-0 над Осогово во натпревар од Втората македонска фудбалска лига. Апсолутен херој на битолчани беше Иван Ивановски, кој со три погодоци го комплетираше хет-трикот и му донесе нови три бода на својот тим.

Во вечерен амбиент, Пелистер ја оправда фаворитската улога и стигна до сигурен триумф против гостите од Кочани. Осогово немаше одговор за расположениот домашен состав, а натпреварот ќе остане запаметен по одличното издание на Ивановски.

За Осогово ова е нов пораз, а воедно и неуспешно деби за новиот тренер Спирко Златков, кој започна со работа во кочанскиот клуб со тежок предизвик против еден од водечките тимови во лигата.

Со оваа победа, Пелистер се врати на победничките патеки по ремито со Беласица и продолжува со добрите настапи во првенството. Сепак, битолчани ќе ја задржат втората позиција на табелата, со оглед на тоа што Охрид исто така забележа победа, славејќи со 0-2 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Колото во Втората лига ќе биде комплетирано утре со два натпревари. Од 14:30 часот, Камјани ќе го пречека Кожуф, додека од 18:00 часот во Струмица ќе се одигра градското дерби меѓу Брера и Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

Прва лигаФудбал

Николов донесе три бода за Вардар, Струга ја победи Шкендија Арачиново

Струга Трим Лум ја запиша првата гостинска победа оваа сезона, откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!