Во осмото коло од ВМФЛ, Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи додека Еуромилк и Новаци одиграа без голови.
Тетекс на домашен терен го совлада Детонит Плачковица со 2-0. Али Хисар во 20. минута го отвори резултатот и му донесе предност на својот тим, а конечниот исход го постави Јамини Азис во 85. минута, потврдувајќи го триумфот на тетовци.
До гостинска победа стигна Охрид, кој со 0:2 славеше против Македонија ЃП. Давор Росиќ во 44. минута го постигна првиот погодок за гостите, додека Антонио Каланоски во 81. минута ја затресе мрежата на домаќините за конечни 0-2 и заверка на трите бода.
Најубедлив беше Работнички, кој на домашен терен го декласираше Шкупи со 4-0. Виктор Серафимовски во 15. минута го отвори резултатот, а Марко Стефановски во 43. минута зголеми на 2-0. Во второто полувреме, Андреј Кудијан во 47. минута погоди за 3-0, а Стефановски со својот втор гол, во 50. минута, ги постави конечните 4-0.
На дуелот меѓу Еуромилк и Новаци немаше голови, па двете екипи ги поделија бодовите по ремито 0-0.