Ракомет

Драма во Куманово: Мамдух со гол за победа над Младост Богданци во финишот!

Сподели
Сподели

МРК Куманово ја забележа првата победа во новата сезона од ракометната Суперлига, откако на домашен терен го совлада Младост Богданци со 25-24. Кумановци стигнаа до значајни бодови во натпревар исполнет со пресврти, во кој победничкиот погодок падна на неполна минута пред последниот свиреж.

Домашниот состав имаше одличен почеток и во првиот дел успеа да изгради предност од седум гола (11-4). Сепак, Младост не се предаде и со серија од шест погодоци без одговор се врати во натпреварот, израмнувајќи на 12-12. Куманово го запре налетот на гостите и на паузата замина со предност од 14-12.

Во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Младост постепено ја топеше негативата, а при резултат 16-16 успеа да поведе со 17-16 во 38. минута, првпат по почетокот на средбата. До самиот крај се играше израмнето, без ниту една екипа да успее да се одвои.

Гостите влегоа во завршницата со предност од 23-21, но Куманово одговори во вистински момент. Омар Мамдух намали, Бојан Гичев израмни, а Наум Костов од седум метри донесе водство од 24-23. Владимир Бојаниќ потоа реализираше пенал за 24-24 во 59. минута, најавувајќи драматичен финиш.

Одлуката падна по брза акција на домаќините. По додавање од голманот Горан Чавејски, Мамдух реализираше контранапад за 25-24 на неполна минута до крајот. Младост доби можност за последен напад и израмнување, но во завршните секунди беше сигнализирана погрешна измена од записничката маса. Така, наместо гостите да продолжат со нападот, топката повторно ја доби Куманово, а Ѓорѓе Атанасов беше исклучен. Домашниот тим ја зачува предноста до крајот и се радуваше на првиот сезонски триумф.

Најефикасен во победничкиот состав беше Омар Мамдух со девет погодоци, додека Мохамед Карим Закарија постигна шест. Кај Младост Богданци, Жељко Пејиќ заврши со шест гола, а Славе Јанковски и Тодор Узунчев постигнаа по пет. Гостинскиот тим настапи без Даниел Андоновски.

Со освоените два бода, Куманово стигна до вкупно три и се искачи на осмото место на табелата, оставајќи го дното зад себе. Младост, пак, ќе се фокусира на следните мечеви за прва победа.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај Горица, откако по драматична завршница загубија со 27-24 во првиот дуел...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!