ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита однесувањето на судијата Влатко Илиоски за време на натпреварот против Струга Трим Лум.
Во 88. минута, според изјавата на нашиот капитен Бесир Демири, судијата Илиоски му се обратил со зборовите „Мајмун неписмен“. – стои во соопштението.
Сметаме дека ваквиот речник е апсолутно неприфатлив за еден фудбалски судија и отвора сериозни сомнежи за навреда со расистичка конотација, особено имајќи предвид дека на теренот настапуваа и двајца темнокожи фудбалери од противничкиот тим.
Токму овој инцидент предизвика тензии и по завршувањето на натпреварот, кои можеа да бидат избегнати доколку судијата покажеше професионалност и почит кон фудбалерите.
Нашиот капитен достави официјална писмена изјава до делегатот на натпреварот, во која нагласи дека постојат и сведоци на инцидентот.
Бараме од ФФМ да ја објави аудиоснимката од 88. минута, да го испита случајот и да преземе соодветни мерки доколку се потврдат овие наводи.
Судиите се на теренот за да делат правда, а не да ги навредуваат и провоцираат фудбалерите.