Прва лигаФудбал

Николов донесе три бода за Вардар, Струга ја победи Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум ја запиша првата гостинска победа оваа сезона, откако славеше со 2-0 против Шкендија Арачиново, додека Вардар освои важни три бода на гостувањето кај Брегалница во Штип, благодарение на погодокот на Бобан Николов.

Стружани одиграа доминантен натпревар и уште во раната фаза го најавија триумфот. Бесмир Бојку во 9. минута го отвори резултатот со прецизен удар од 16 метри, а во 27. минута Марјан Радески од белата точка зголеми на 2-0. Претходно, по прегледот со ВАР, домашниот фудбалер Тодоров доби директен црвен картон, па Шкендија Арачиново продолжи со играч помалку.

Струга имаше уште неколку изгледни можности за поубедлива победа, но голманот Столевски со неколку одлични интервенции спречи повисок пораз на домаќините. Шкендија Арачиново, пак, не успеа да го искористи ниту еден од своите обиди за да се врати во натпреварот.

До гостински триумф стигна и Вардар, кој со минимални 1-0 ја совлада Брегалница во Штип. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов во 24. минута, кога ја искористи одбиената топка по центаршутот на Јанкулов и со удар од прва го совлада Филевски.

Брегалница имаше добар почеток и создаде неколку можности за водство, но не успеа да ја затресе мрежата на Талески. И во продолжението штипјани се обидуваа да стигнат до израмнување, но Вардар успеа да ја зачува предноста. Скопјани имаа можност и за втор погодок преку Закариќ, додека домаќините во финишот пропуштија шанса да се спасат од пораз.

Со овие три бода Вардар продолжува да ја води битката за шампионската титула, а во следното коло го очекува големо дерби на гостински терен против Шкендија. Брегалница, пак, ќе бара враќање на победничките патеки на гостувањето кај Арсими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната публика забележа убедлива победа од 3-0 над Осогово во натпревар од...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!