ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Сподели
Сподели

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ Мал Ајакс од Штип.

Популарниот Гига минатата сезона имаше одлични настапи за штипскиот клуб, а сега прави чекор напред во својата кариера со трансфер во велешкиот тим кој минатата сезона заврши на второто место во првенството.

„Голманската позиција бара храброст, концентрација и карактер, а пред Филип е можност со напорна работа и добри одбрани да остави свој белег во нашиот дрес. Неговото доаѓање носи дополнителна конкуренција и нова енергија во голманската екипа. Гига, ти посакуваме многу успешни настапи, сигурни одбрани и заеднички победи! Добредојде во нашето клупско семејство“, велат од вицешампионот.

Кеги Моби мечот од првото коло со Осогово го доби со службен резултат бидејќи противникот не се појави на теренот, а пак во второто коло ќе се соочи против Шкупи во дерби меч.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!