Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Сподели
Сподели

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот меч против Куманово од 7. коло на Суперлигата.

Ѓуриќ истакна дека со оглед на тоа што и Куманово ја бара првата победа, очекува борбен и квалитетен натпревар.

„Атмосферата во соблекувалната е одлична и сите сме максимално фокусирани. Точно е дека имавме добри можности во претходните натпревари против Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 кои за жал не ги искористивме, но тоа веќе е зад нас. Притисок секогаш постои во спортот, но тоа кај нас делува како дополнителен мотив. Свесни сме дека и Куманово ја бара првата победа, па затоа очекувам борбен и квалитетен натпревар, каде што со вистинска тимска игра ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите“, рече Ѓуриќ.

Ракометарот на Младост се враќа на теренот по повредата, вели дека формата ја враќа постепено.

„Очекувам тежок и динамичен дуел, бидејќи и двете екипи имаат висока мотивација за победа. Што се однесува до мене, по повредата се чувствувам добро и целосно подготвено да му помогнам на тимот. Формата ја враќам постепено, но најважно ми е да го дадам максимумот на теренот и да придонесам за позитивен резултат“, дополни Ѓуриќ во изјавата за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Куманово и Младост се игра денес во салата „Перо Наков“ со почеток од 16:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

Ракомет

Воркапиќ блесна во Полска и се најде меѓу елитата во Лигата на шампионите!

И покрај поразот на Вардар во Полска, еден од ракометарите на македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!