Ракомет

Воркапиќ блесна во Полска и се најде меѓу елитата во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски | РК Вардар
Сподели

И покрај поразот на Вардар во Полска, еден од ракометарите на македонскиот тим доби заслужено признание за прикажаното на теренот. Вукашин Воркапиќ е дел од идеалниот состав на четвртото коло во Лигата на шампионите, откако одигра беспрекорен натпревар против Висла Плоцк.

Десното крило на „црвено-црните“ беше максимално ефикасно во завршницата, реализирајќи ги сите осум удари кон противничкиот гол. Неговиот учинок имаше значајна улога во неизвесната завршница, во која Вардар до последните моменти се надеваше дека може да извлече позитивен резултат, но на крајот загуби со минимални 33-32.

ФОТО: Денис Дуковски | РК Вардар

Иако Јака Малус со девет погодоци беше најдобриот стрелец на скопјани, настапот на српскиот репрезентативец го привлече вниманието и на медиумскиот тим на Европската ракометна федерација. Воркапиќ се најде меѓу најдобрите ракометари на колото, во друштво на голманот Апелгрен, левото крило Фрајхофер, бековите Цендер, Анжиќ и Милер, пивотот Сипжак и Милитару.

За Вардар останува горчината од тесниот пораз во Плоцк и пропуштената шанса за бодови, но признанието за Воркапиќ е потврда за неговата одлична индивидуална партија. Десното крило испрати силна порака со својата реализација на европската сцена, во натпревар во кој на „црвено-црните“ малку им недостигаше за да се вратат со позитивен резултат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!