Ракомет

Бутел ја скрои тактиката за европскиот испит во Хрватска!

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје се подготвени за првиот предизвик во двомечот со Горица од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник во Хрватска ги привршува подготовките, со желба со добар настап да ја започне борбата за место во следната рунда.

Избраниците на Стојанче Стоилов денеска го одработија последниот тренинг пред утрешната средба. Во градската сала во Велика Горица, стручниот штаб ги постави последните тактички детали пред гостувањето кај хрватскиот ривал.

ФОТО: РК Бутел

Првиот натпревар меѓу Горица и Бутел Скопје е закажан за утревечер, со почеток во 18:00 часот. Словенечките арбитри Сатлер и Пукшиќ ќе ја делат правдата на европската пресметка.

За бутелци ова е важен почеток на двомечот, во кој ќе се обидат да остварат поволен резултат на гостински терен и да си отворат добра можност пред реваншот. Македонскиот тим го очекува нов европски тест, а одговорот ќе го даде теренот во Велика Горица.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

Ракомет

Воркапиќ блесна во Полска и се најде меѓу елитата во Лигата на шампионите!

И покрај поразот на Вардар во Полска, еден од ракометарите на македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!