Македонските навивачи кои денеска ќе бидат во Љубљана ќе имаат организиран превоз до стадионот „Стожице“ за вечерашниот натпревар против Словенија во Лигата на нации.
Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана кај Трите моста, во центарот на Љубљана.
Во 18:45 часот од фан зоната организирано ќе се тргне пеш кон местото за превоз, од каде што три автобуси ќе ги превезат навивачите до „Стожице“ и македонскиот навивачки сектор.
Сите навивачи кои ќе го користат организираниот превоз се замолуваат навреме да пристигнат во фан зоната, со цел транспортот да се реализира според предвидената динамика.
Организиран превоз ќе има и по завршувањето на натпреварот, од стадионот „Стожице“ назад до центарот на Љубљана.
Мечот Словенија – Македонија се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.
Очекувањата се македонските навивачи да дадат силна поддршка од трибините и да бидат 12-тиот играч на избраниците на Гоце Седлоски.