Македонската фудбалска репрезентација вечерва го имаше официјалниот тренинг на стадионот „Стожице“ во Љубљана, каде утре од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Словенија, во рамките на 2. коло од Лигата на нации.
Селекторот Гоце Седлоски, на денешната прес-конференција најави примени во составот за мечот со Словенија.
Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.