Ракомет

Охрид двапати ќе го пречека Спор Тото во „Билјанини Извори“!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ќе ја има предноста на домашниот терен во двата натпревари од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп против турскиот Спор Тото СК.

Актуелниот освојувач на трофејот во ова натпреварување договори целиот двомеч да се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“, па „гладијаторите“ ќе имаат поддршка од своите навивачи во двете средби.

Првиот натпревар меѓу Охрид и Спор Тото е закажан за петок, 23 октомври, со почеток од 18:30 часот. Реваншот ќе се одигра само еден ден подоцна, во сабота, 24 октомври, исто така од 18:30 часот, повторно во „Билјанини Извори“.

ФОТО: ГРК Охрид

Така, турскиот состав ќе гостува во Охрид во двата дена, а македонскиот претставник ќе се обиде со две домашни победи да го обезбеди пласманот во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Викенд исполнет со спорт, забава и дружење

Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!