Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Сподели
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961
Сподели

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на убедлив начин ја совлада Будванска Ривиера со 44-27.

„Црвено-црните“ уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и не ѝ дозволија на гостинската екипа да се надева на неизвесен финиш. Црногорскиот состав успеа да постигне 15 гола во првото полувреме, но Вардар на одмор замина со предност од 21-15.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961

Во вторите 30 минути домашниот тим дополнително го засили темпото. Разликата постојано растеше, а избраниците на Иван Чупиќ без поголеми проблеми го приведоа натпреварот до крај и запишаа убедлив триумф.

Најефикасни кај Вардар беа Воркапиќ и Фадуил со по седум гола, додека кај Будванска Ривиера најрасположен беше Иваниќ, кој постигна дури 12 погодоци.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на четвртото коло, тимот на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло во Супер машката лига, откако средбата заврши 28-28. Кавадарчани имаа предност...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!