Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови.
Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6:3. Сепак, Серкеди возврати во вториот сет, кој ѝ припадна со 6:4, па победникот мораше да биде решен во третиот сет.
Во решавачкиот сет македонската тенисерка одигра убедливо и со максимални 6:0 стигна до победата и пласман во следната фаза.
Во осминафиналето Митевска ќе има исклучително тежок предизвик, бидејќи ќе игра против првата носителка на турнирот, Романката Марија Валентина Поп.
Митевска е репрезентативка на Македонија во БЏК купот, а неодамна настапи и на Медитеранските игри во Таранто.
Во машка конкуренција денеска настапи и Марко Алексовски, кој беше елиминиран во третото коло по поразот со 2-0 во сетови (6:3, 6:1) од Холанѓанецот Матс Хуте.