Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери силите со хрватска Горица.

За Бутел ова ќе биде петти европски настап во клупската историја, односно трет во ЕХФ Европскиот куп. Новиот европски предизвик ќе започне со гостување во Хрватска, каде што ќе се одигра првиот натпревар од двомечот.

Горица во пресрет на европскиот дуел влегува со позитивен резултат од домашниот шампионат. Хрватскиот тим во последното коло славеше против Сесвете, екипата која минатата сезона заврши како вицешампион.

Првиот натпревар меѓу Горица и Бутел е закажан за 17 или 18 октомври во Хрватска, додека одлуката за патникот во следната фаза ќе падне на реваншот во Македонија, кој ќе се игра на 24 или 25 октомври.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!