Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Сподели
Сподели

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија.

Тоше Манов постигна четири погодоци, по два погодици постигнаа Давид Велковски и Ѓорѓи Султанов, а по еден гол постигнаа Боце Ефремов, Андреј Славевски и Стефан Антониев.

Малеш го декласираше Ударник од Пирава на домашен терен со 4:1, откако Тони Мичковски постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Драган Буровски, а за гостинот погоди Крсте Тодоров.

Во дербито на двата лански второлигаши Каменица Саса со убедливи 4:1 го декласираше тимот на Слога од Виница.

По еден гол за “рударите” постигнаа Драган Паунов и Филип Николовски, а двоен стрелец беше Филип Спенџарски. За гостинот од Виница единствен стрелец беше Михаил Воинов.

Карбинци доживеа висок пораз во Валандово откако загуби од Победа со 3:0. Двоен стрелец беше Никола Костадинов, а еден гол постигна Стојанчо Наков.

Новајлијата Огражден со деби победа во Трета лига откако во Ново Село со 3:0 славеше над Дојранско Езеро.

Роберт Јанев и Александар Черкезов беа стрелци за двојна предност на полувреме, во вториот дел погоди Спасе Терзиев.

Во дербито во Делчево на поранешните прволигаши Делчево и Хоризонт Турново. Марио Атанасовски постигна хет-трик за домашните, за гостите стрелаа Васко Коцев, Васко Трајков и Александар Коцев.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи на домашен терен и освојувајќи значаен бод. Сепак, денеска ги очекува...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, а Љуботен може да се одлепи на врвот

Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!