Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Хрватскиот шампион вечерва убедливо ја совлада младинската репрезентација на Египет со 38-28 и стигна до втората победа во групата А.
Загреб уште од самиот почеток наметна силно темпо и брзо ја презеде контролата врз натпреварот. Хрватите беа сигурни во нападот и цврсти во одбраната, па по првите 30 минути имаа убедлива предност од седум гола, 20-13.
Во второто полувреме избраниците на Хрвоје Хорват без поголеми проблеми ја одржуваа разликата и постепено ја зголемуваа предноста. Египет немаше одговор за играта на противникот, па Загреб рутински го приведе натпреварот до крај и славеше со 38-28.
Најефикасен во победничкиот состав беше Филип Главаш со девет погодоци, додека Петар Топиќ постигна седум.
За Загреб ова е втора победа на турнирот, откако претходно го совлада и составот на Војводина со 24-21. Со четири освоени бода хрватскиот тим моментално е лидер во групата А.
Охрид е втор со два бода, но има одиграно натпревар помалку. Доколку охриѓани слават против Војводина, ќе дојдат до четири бода и ќе имаат можност во директниот дуел со Загреб да се борат за првото место во групата.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е турската фудбалерка Селин Туркоглу. Туркоглу...
ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а во исто време запиша и нов триумф во Регионалната лига. Македонскиот...
ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...
ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...
Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...
Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...