Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски, Александровски, Димчевски и Бајрам

Сподели
Сподели

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња – Александар Костоски, Јован Александровски, Ивица Димчевски и Хусеин Бајрам.

Штипјани чекаат потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер лигата, откако Чаир не доби лиценца за натпреварување, по што беше објавен јавен повик од КФМ за сите заинтересирани екипи да бидат дел од кошаркарската елита, за што штипјани веднаш аплицираа и го градат ростерот за новата сезона.

Костоски, поранешниот македонски репрезентативец, пристигнува како големо засилување за бековската линија. Искусниот плејмејкер во кариерата настапувал за повеќе клубови во Македонија, а има интернационално искуство и од Франција и Романија.

Посебно се издвојува неговиот настап на Евробаскет 2015, каде беше најефикасен македонски кошаркар со 49 поени на пет натпревари. Од Соколи го опишуваат како играч кој носи лидерство, победнички менталитет и одличен преглед на играта.

Покрај Костоски, штипскиот тим го засили и Јован Александровски. Искусниот македонски бек во Соколи пристигнува со задача да донесе дополнителна енергија, борбеност и квалитет на двете страни од теренот.



Александровски во досегашната кариера настапувал за Работнички, Чаир 2030 и Струмица, а токму неговата борбеност и способност да придонесува во двата правци се карактеристиките поради кои Соколи го гледа како важно засилување.

Димчевски е искусен бек, поранешен репрезентативец на Македонија и освојувач на националниот кошаркарски Куп и во Штип носи големо прволигашко искуство. Бајрам е поранешен капитен на Вардар и ќе биде големо освежувач и засилување за Соколи.

Со овие четири засилувања, Соколи добива значително искуство во ростерот, додека клубот продолжува да го гради тимот со кој сака да биде конкурентен во највисокиот ранг.

Штип добива сериозен кошаркарски проект, а Соколи 1933 продолжува да го составува тимот за големи амбиции.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!