Кошарка

ТФТ со две млади засилувања од Вардар

Сподели
Сподели

КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите и перспективни македонски кошаркари, па во клубот пристигнуваат Матеј Митревски и Григориј Ѓорѓевиќ од редовите на КК Вардар.

Митревски има 19 години и настапува на позицијата бек-шутер. Станува збор за млад и перспективен кошаркар кој во дресот на ТФТ ќе добие можност за понатамошен развој и докажување, како во Првата македонска лига, така и на регионалната сцена во АБА2-лигата.

Второто засилување е Григориј Ѓорѓевиќ, еден од најталентираните млади македонски кошаркари и член на младинската репрезентација.

Ѓорѓевиќ зад себе има одличен настап на неодамнешното Европско првенство за кошаркари до 18 години, каде што бележеше просек од 13,4 поени, 4,7 скокови и 6,4 асистенции по натпревар. Со тоа беше трет најдобар асистент на шампионатот.

Младиот бек дополнително се истакна и на М18 „фајнал-форот“, каде што со КК Вардар стигна до титулата, а беше прогласен и за МВП на завршниот турнир. Во финалниот натпревар одигра одлично и запиша 25 поени, девет асистенции и осум скокови.

Со ангажманот на Митревски и Ѓорѓевиќ, ТФТ продолжува со својата стратегија за развој и афирмација на македонските млади кошаркари, давајќи им простор да се наметнат на домашната и регионалната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!