ТурнириФудбал

(ФОТО) Огражден „пукна петарда“ во Валандово: Новиот третолигаш со пет гола ја „потопи“ Победа

Сподели
ФОТО: Смоларски
Сподели



Новиот третолигаш Огражден од Ново Село продолжува да испраќа сериозни сигнали пред стартот на новата сезона. Тимот денеска забележа убедлива победа од 2:5 на гостувањето кај Победа Валандово, во натпревар кој покажа дека составот од Ново Село има квалитет и амбиција за висок пласман.

„Калинкарите“ од Валандово, кои минатата сезона беа шампиони во Трета лига – Исток, но не успеаја да го минат баражот за влез во Втората лига, претрпеа тежок пораз на домашен терен. Победа во новата сезона повторно ќе биде дел од третолигашкото друштво, но тимот ќе изгледа во поинаков состав, со оглед на тоа што неколку фудбалери го напуштија клубот.

Од другата страна, Огражден покажа одлична игра и пет пати ја тресеше мрежата на домаќинот. За тимот од Ново Село погодуваа Живко Гоцев, Јован Дрвошанов, Никола Тасев, Роберт Иванов и Христијан Крстев, со што победата доби дополнителна тежина.

Огражден во минатата сезона беше шампион во Општинската фудбалска лига – Струмица, со што обезбеди пласман во Трета лига – Регион 3. Веќе во подготвителниот период тимот покажува дека не сака само да биде учесник, туку има сериозни намери во третолигашката конкуренција.

ФОТО: Смоларски

Клубот од Ново Село во изминатиот период работи организирано и со јасна визија за иднината. Составот е склопен со цел Огражден да биде конкурентен, а резултатите од подготовките се дополнителна потврда дека во Ново Село сериозно се работи на создавање стабилен фудбалски колектив.

„Продолжуваме со напорна работа, чекор по чекор, со јасна цел и уште поголема мотивација. Претставени и нашите гостински дресови за следна сезона“, велат од ФК Огражден

Со ваков пристап, ентузијазам и организација, Огражден може да биде едно од пријатните изненадувања во новата сезона. Ново Село добива свој претставник во Трета лига – Регион 3, а љубителите на фудбалот од општината ќе имаат можност да следат третолигашки фудбал и на домашен терен.

Пет гола во Валандово се одлична најава – Огражден има амбиција, квалитет и јасна визија за она што следува.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост Богданци ги започна пријателските натпревари – ќе настапи и на турнирот во Прилеп

Повратникот во Супер лигата, Младост од Богданци започна со одигрување на пријателски натпревари за проверката на формата пред стартот на новата сезона во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: По 30 години се врати фудбалот во Крива Паланка – на Градскиот стадион одигра пријателски меч

Денес на Градскиот стадион во Крива Паланка се одигра пријателски натпревар меѓу Академија Осогово 2022 и Кул од Скопје, во рамки на летните...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: По 30 години се врати фудбалот во Крива Паланка – на Градскиот стадион одигра пријателски меч

Денес на Градскиот стадион во Крива Паланка се одигра пријателски натпревар меѓу...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Братство Љубин со ново раководство и големи амбиции: Целта е пласман во Трета лига!

ФК Братство Љубин со големи амбиции влегува во сезоната 2026/27, која треба...

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре убедлив на пријателската против Пчиња со четири гола

Третолигашот БВК Коњаре забележа убедлива победа на пријателскиот натпревар против Пчиња со...

Втора лигаФудбал

Реми во Битола: Камјани му „откина“ бодови на Пелистер

Камјани беше блиску до сензација и деби победа во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!