Второлигашот Осогово од Кочани се засили со Стојче Стојов, кој се враќа во таборот на „жетварите“ од редовите на Силекс.
25-годишниот Стојов по една сезона во дресот на кратовскиот прволигаш одново ќе настапува за Осогово. Низ неговата кариера настапуваше и за Каменица Саса, Детонит Плачковица, Слога Виница и Зрновка.
Стојов го Силекс минатата сезона го освои Купот на Македонија, а во Првата лига фудбалерот забележа четири настапи со 175 минути на фудбалскиот терен.
Осогово предводен од Крсте Крстев денес гостува во Струмица каде против Беласица ќе ја отвори новата сезона.