Ракомет

Охриѓанецот Петар Бошалески ново засилување за МЗТ Скопје

Сподели
Сподели

МЗТ Скопје продолжува со формирањето на составот за новата сезона, а најново име во редовите на актуелниот македонски кошаркарски гигант е охриѓанецот Петар Бошалески.

22-годишниот бек-шутер, висок 197 сантиметри, денеска официјално го стави потписот на договорот со „металците“ и ќе биде дел од тимот во сезоната која следува.

Бошалески зад себе има интересен развој во македонската кошарка. Настапите во домашната Суперлига ги започна во дресот на Работнички, по што се пресели во Пелистер, а минатата сезона ја помина во Тиквеш.

Токму во кавадаречкиот клуб имаше значајна улога, настапувајќи на 27 натпревари, на кои просечно реализираше 12,4 поени, 5,6 скока и две асистенции по натпревар. Добрите настапи му донесоа и повик во сениорската репрезентација на Македонија.

Бошалески претходно ги мина сите младински национални селекции, а летово го направи и следниот чекор во кариерата со два настапи за сениорскиот национален тим во првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.



За МЗТ Скопје ова е трето домашно засилување во пресрет на новата сезона. Претходно во клубот се вратија Лука Стојановски и Никола Василевски, додека составот е засилен и со четворица странски кошаркари – Американците Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, босанскиот центар Емир Крајиниќ и српскиот центар Димитрије Николиќ.

Во ростерот остануваат и Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко и Андреј Андоноски, а на тренерската позиција и понатаму ќе биде Васко Атанасов.

МЗТ Скопје во новата сезона го очекува настап на три фронта. Покрај домашните натпреварувања, „металците“ ќе играат и во АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот, па ангажманот на Бошалески треба да донесе дополнителна опција во бековската линија на тимот.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

Ракомет

ФОТО: Салата “Млаз” е подготвена за дуелот меѓу Младост и Прилеп – вечерва Богданци ќе живее за ракометот

Сè е подготвено во Богданци за првиот домашен натпревар на РК Младост...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!