Фудбалската федерација на Македонија му додели на ОФС Кочани 1.300 столчиња кои ќе бидат монтирани на Градскиот стадион „Никола Мантов“.
На овој начин ќе се добие нов и подобар изглед на самиот стадион.
„Денес потпишав договор со кој Фудбалската федерација на Македонија му додели на ОФС Кочани 1.300 столчиња, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани. Голема благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г-дин Масар Омерагиќ, за оваа значајна донација, но и за континуираната поддршка и соработка со Кочани. Заедно создаваме подобри услови за спортот и за нашите клубови“, вели претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов.
Столчињата ќе бидат во црвена боја и ќе овозможат подобри услови за гледачите.