Охрид забележа нов триумф за време на летните подготовки, откако на пријателски меч со 1:2 беше подобар од Пелистер во Битола.
„Рибарите“ преку Бакрачески во 17. минута дојдоа до предност од 0:1 со која заминаа и на пауза. Во вториот дел битолчани преку Ивановски израмнија на 1:1 во 68. минута од средбата, но само четири минути подоцна Охрид преку Николовски стигна до нова предност од 1:2, а со тоа беше поставен и конечниот резултат.
Пелистер новата сезона ја отвара дома против дебитантот Камјани, а пак Охрид ќе го пречека на домашен терен Новаци во воведното коло кое се игра на 15 август.