Ракомет

Тиквеш го засили ростерот со тунискиот интернационалец Азиз Бен Махфуд

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

ГРК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на новата суперлигашка сезона, а нов член на кавадаречкиот состав е тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој пристигнува од редовите на Еурофарм Пелистер 2.

Станува збор за 29-годишен лев бек, кој зад себе има одлична сезона во македонската Супер лига. Во дресот на битолскиот тим беше еден од најстандардните и највлијателните ракометари, а сезоната ја заврши како еден од тројцата најдобри стрелци во шампионатот со 179 погодоци на 30 натпревари.

Со неговото доаѓање, Тиквеш добива искусен и докажан ракометар кој ќе донесе дополнителен квалитет, сигурност и ефикасност во бековската линија. Бен Махфуд важи за играч кој знае да преземе одговорност во клучните моменти, а во Битола пристигна како еден од најталентираните туниски ракометари.

Кавадаречкиот клуб јасно покажува дека има сериозни амбиции за новата сезона и активно работи на создавање конкурентен тим кој повторно ќе се бори за место во плеј-офот на Супер лигата. Континуитетот на клупата останува со тренерот Кристијан Грчевски, а паралелно се засилува и играчкиот кадар.

Претходно, ГРК Тиквеш како прво летно засилување го промовираше искусниот лев бек Тоше Ончев, кој пристигна од Куманово. Со ангажманите на Ончев и Бен Махфуд, кавадаречкиот суперлигаш значително ја засилува бековската линија и добива повеќе решенија во офанзивниот дел од играта.

Со новите засилувања, Тиквеш испраќа јасна порака дека и во претстојната сезона ќе има високи амбиции и ќе се обиде да одигра значајна улога во македонската ракометна елита.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!