Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Сподели
Сподели



Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот за првпат ќе има свој ракометен претставник, што претставува значаен чекор во развојот на спортот и отвора нови можности за младите генерации.

Основањето на РК „Сокол Саса“ е историски момент за Македонска Каменица, која досега беше препознатлива по својата богата спортска традиција во фудбалот и кошарката. Во иднина, децата и младите ќе имаат можност да се занимаваат и со ракомет, спорт кој со години е еден од најуспешните и најпопуларните во Македонија.

Со формирањето на новиот клуб се зголемува и бројот на ракометни колективи во Источна Македонија, регион во кој во изминатиот период недостасуваа вакви спортски средини. Очекувањата се РК „Сокол Саса“ својата работа да ја започне со најмладите категории, создавајќи база за идните генерации ракометари.

„Со големо задоволство ја споделувам убавата вест дека Македонска Каменица го доби својот прв ракометен клуб – РК Сокол Саса. Формирањето на нов спортски колектив е повеќе од основање на клуб. Тоа е нова можност за нашите деца и млади, нов простор за дружење, развој и спортски успеси, но и уште еден важен чекор во збогатувањето на спортскиот живот во Македонска Каменица. Нашата општина отсекогаш била препознатлива по спортскиот дух, по традицијата и по луѓето кои со ентузијазам создаваат нови вредности. Верувам дека РК Сокол Саса ќе стане место каде ќе растат нови генерации спортисти, ќе се градат пријателства и ќе се негуваат вистинските спортски и човечки вредности. На основачите им честитам за храброста, визијата и вложениот труд, а на новиот клуб му посакувам многу успеси, исполнети трибини и бројни поводи за радост и гордост на Македонска Каменица“, вели градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Нејзината порака ја потврдува определбата на локалната самоуправа за поддршка на спортот и младите, а формирањето на РК „Сокол Саса“ се очекува дополнително да го збогати спортскиот живот во градот и да придонесе за создавање нови таленти.

Македонска Каменица веќе со години е позната по успешните спортски колективи. ФК Каменица Саса со децении е симбол на градот, ЖФК Каменица Саса во минатото беше шампион на Македонија, освојувач на Купот и учесник во квалификациите за Лигата на шампионите, додека ЖКК Баскет Кам неодамна пред својата публика го освои четвртиот Куп-трофеј во клупската историја.

Со РК „Сокол Саса“, Македонска Каменица добива уште еден клуб кој ќе работи на развојот на младите спортисти, а воедно испишува ново и значајно поглавје во својата спортска историја.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!