Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели



Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи имаат празно тренерско столче, но ќе има промени и во некои други клубови, барем така велат нашите информации.

Беласица во новата сезона ќе ја води Мартин Алаѓозовски, а пак Брера Струмица го врати Ѓорѓи Стојчев, тренерот кој има двојна круна со младинците, а кој во минатото истото така го водеше првиот тим на Брера во Првата лига.

Новаци го промовираше Иван Варадиновски за нов предводник на клубот за следната сезона. Токму заминувањето на Варадиновски од екипата на Кожуф, го остава второлигашот од Гевгелија со испразнето тренерско столче, со што се очекува во следниот период истото да се пополни и тимот совреме да ги стартува подготовките и соодветно да се засили.

Без тренер е и ланскиот прволигаш Пелистер, откако раководството заедно со стручниот штаб си поднесоа оставки и со тоа се очекува во следните денови Пелистер да добие нов тренер, откако претходно ќе го комплетира раководството.

Под прашалник има уште неколку клубови кои во следниот период ќе менуваат на тренерската позиција, така велат нашите информации и во следниот период ќе ги објавиме промените кои ќе се случат кај дел од второлигашите.

Новата сезона во Втора лига ќе започне на 15 август, а веќе до пред 10 јули екипите ќе треба да ги започнат летните подготовки и да ги закажат пријателските натпревари.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!