Турнири

Турнирот „Петровден“ без компромис: Екипата „Бел Мерцедес“ го заврши настапот во Мешеишта

Сподели
Сподели

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта испратија јасна порака дека правилата и принципите остануваат над сè, без разлика за која екипа станува збор.

Според соопштението на Организацискиот одбор, екипата „Бел Мерцедес“ нема да настапи на своите закажани натпревари, со што официјално го завршува учеството на 51. издание на турнирот.

Од Организацискиот одбор потенцираат дека нема да има никакви промени во распоредот по неговото официјално објавување и дека сите учесници се должни да ги почитуваат правилата подеднакво.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Традиција долга 51 година не се гради со отстапки, туку со принципи. Овој турнир претставува вистинска спортска институција токму поради тоа што бескомпромисно го штити интегритетот на играта. Ве информираме дека екипата на „Бел Мерцедес“ нема да се појави на закажаните натпревари и со тоа нивното учество е завршено. Организацискиот одбор уште еднаш јасно го потврдува својот дециден став: По официјалното објавување на конечниот распоред – промени нема! Натпреварувањето се одвива според стандарди каде правилата важат апсолутно подеднакво за секоја екипа на теренот. Ниту еден тим, без разлика на името и реномето, не може да биде над правилата, над 51-годишната историја и над почитта кон публиката“, велат организаторите на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Со ова, организаторите уште еднаш потврдуваат дека турнирот „Петровден“ и понатаму ќе се води според јасно утврдени правила, со цел да се зачува реномето и традицијата на еден од најдолговечните и најреномирани турнири во мал фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!