И оваа година во Дебреште ќе продолжи традицијата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо“, спортски настан посветен на прерано починатиот пријател, брат и соиграч Алмир Ибески – Алмо.
Преку фудбалот, дружењето и спортскиот дух, учесниците и посетителите и ова лето ќе го негуваат сеќавањето на Алмо и вредностите по кои тој остана запаметен. Турнирот низ годините прерасна во симбол на заедништво, почит и спортско пријателство.
Организаторите истакнуваат дека се горди што оваа традиција продолжува токму во Дебреште, место кое отсекогаш било препознатливо по спортскиот дух, заедништвото и убавите спомени.
Почетокот на турнирот е закажан за 20 јули 2026 година со почеток од 19:00 часот, а се очекува и ова издание да привлече голем број екипи и љубители на малите фудбалски терени.
Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител на овој традиционален меморијален турнир и ќе информира за сите случувања од Дебреште.
Пријавувањето е во тек за сите заинтересирани екипи да се пријават на време, а наскоро ќе бидат споделени повеќе информации од организаторот во делот на наградниот фонд.
Се очекуваат возбудливи натпревари, многу емоции и уште едно достоинствено оддавање почит на Алмир Ибески – Алмо.