Прва лигаФудбал

Керим го напушти Пелистер и потпиша за Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Шкеднија Арачиново
Сподели

Екипата на Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во нивните редови е искусниот крилен напаѓач Вилдан Керим.

Триесет и едногодишниот фудбалер го напушта Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Шкендија Арачиново. Керим зад себе има солидна сезона во ПМФЛ, во која на 28 првенствени натпревари постигна осум погодоци и беше еден од поважните играчи во офанзивниот дел на битолскиот тим.

Станува збор за фудбалер со богато искуство, кој во текот на својата кариера настапуваше за повеќе клубови во Македонија и странство. Носел дресови на Караман, Сарајону, Скопје, Дреница, Вардар, Гостивар, Воска Спорт, Детонит Плачковица и Пелистер, стекнувајќи значајно искуство на различни натпреварувачки сцени.

Во Шкендија Арачиново очекуваат Керим со своето искуство, квалитет и голгетерски способности да претставува значајно засилување во нападот и да помогне во исполнувањето на клупските амбиции во претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!