Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Колева и Трајковска во идеалната петорка на „Рисинг Старс“ турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Успешниот настап на женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години на меѓународниот турнир „Рисинг Старс“ во Букурешт беше крунисан и со индивидуални признанија за две наши млади кошаркарки.

По завршувањето на турнирот, организаторите ја избраа идеалната петорка, а меѓу најдобрите се најдоа и македонските репрезентативки Ива Колева и Теа Трајковска. Тие со своите одлични настапи заслужено добија место во најдобриот тим на натпреварувањето.

Во изборот доминираа кошаркарките на домаќинот Романија, кои имаа три претставнички во идеалната петорка, додека Колева и Трајковска беа единствените странски кошаркарки кои се најдоа во овој престижен избор.

Македонската селекција го заврши турнирот со две победи и еден пораз, резултат што беше доволен за освојување на второто место. Значајниот придонес на Колева и Трајковска беше еден од клучните фактори за успешниот настап на нашата репрезентација.

Овие индивидуални признанија претставуваат уште една потврда за талентот и квалитетот на младите македонски кошаркарки, како и за добрата работа на репрезентацијата во пресрет на идните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо“ повторно ќе ги обедини љубителите на малиот фудбал во Дебреште

И оваа година во Дебреште ќе продолжи традицијата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо“, спортски настан посветен на прерано...

Прва лигаФудбал

Силекс продолжува да се засилува: Богданоски и Илиески нови адути за европските предизвици

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата натпреварувачка сезона, во која покрај домашното првенство, кратовци...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски и Приходко без пораз до четвртфиналето на турнирот во Загреб

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко обезбедија пласман во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Фокусот е ставен на тоа како ќе играме ние

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар...

Останати репрезентацииРепрезентација

Ѓорческа избори финале во квалификациите за Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалното коло од квалификациите за...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Јакимовски: Не очекува еден од најбитните натпревари досега

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ги привршува подготовките за последните два натпревари...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!