Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

Сподели
FOTO: SPE Strovolou Handball
Сподели

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за ново поглавје во својата тренерска кариера. Македонскиот стратег во наредните две години ќе го предводи кипарскиот Строволу, клуб кој има јасни амбиции за напредок во најсилната лига на земјата.

Строволу неодамна обезбеди промоција во елитното друштво и веќе почна да ја гради иднината. Раководството на клубот верува дека токму Кузманоски е човекот кој може да го води проектот во вистинска насока и да помогне екипата повторно да стане фактор и надвор од границите на Кипар.

За македонскиот тренер ова ќе биде втор ангажман надвор од државата. Претходно работеше во Романија, каде покрај играчките обврски во Одорхеи имаше и улога на тренер-играч, стекнувајќи драгоцено меѓународно искуство.

Во македонскиот ракомет, Кузманоски остави силен печат преку работата во Бутел. Со скопскиот состав настапуваше на европска сцена во две последователни сезони, а во меѓувреме успешно го спроведе процесот на подмладување на екипата, која успеа да обезбеди место во плеј-офот.

FOTO: SPE Strovolou Handball

Сепак, пред официјално да започне со работата во Кипар, Кузманоски ќе има уште една важна задача. Него го очекува настап со машката кадетска репрезентација на Европското првенство во Србија, по што целосно ќе се посвети на новиот предизвик во својата кариера.

Ангажманот во Строволу претставува нов чекор напред за македонскиот тренер, кој ќе добие можност да биде дел од амбициозен проект и да го води клубот во период на развој и високи очекувања.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!