Ракомет

Чаневски се враќа во Бутел: Искусниот голман повторно ќе брани во Скопје

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби големо засилување за новата сезона, откако во своите редови го врати искусниот голман Градимир Чаневски.

Македонскиот чувар на мрежата по четири години повторно ќе го облече дресот на скопскиот клуб, каде претходно настапуваше една сезона. Чаневски ќе биде дел од тимот предводен од новиот тренер Стојанче Стоилов, а неговото искуство треба да донесе дополнителна стабилност меѓу стативите.

Бутел и ова лето останува верен на концептот со домашни ракометари, а ангажманот на Чаневски е јасен показател за амбициите на клубот во пресрет на новата сезона.

Голманот потекнува од школата на Металург, а во својата кариера настапуваше и за Вардар и Вардар Јуниор. Потоа следуваше петгодишен престој во Еурофарм Пелистер, пред првпат да се пресели во Бутел Скопје.

По настапите во македонскиот шампионат, Чаневски го имаше и своето прво интернационално искуство во Израел. Со тимот на Макаби Ришон Ле Зион стигна до шампионската титула, а беше прогласен и за најдобар голман во лигата за сезоната 2023/24.

Во изминатите две сезони беше дел од Охрид, со кој бележеше забележителни настапи, а сега се враќа во Бутел во период кога клубот покрај домашните предизвици ќе настапува и на европската сцена во ЕХФ Европскиот куп.

ФОТО: ГРК Охрид

Враќањето на Чаневски претставува значајно засилување за скопскиот состав, кој постепено го комплетира ростерот за претстојната натпреварувачка сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!