Прва лигаФудбал

Младинскиот репрезентативец Теодор Николовски потпиша за Тиквеш

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Прволигашот Тиквеш продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на кавадаречкиот клуб е младиот и перспективен играч за врска Теодор Николовски, кој стави потпис на договор со важност до 2029 година.

Дваесетгодишниот фудбалер пристигнува од редовите на Работнички, каде во изминатата сезона беше еден од стандардните првотимци. Николовски забележа 26 настапи во првенството, при што запиша три асистенции, а својот придонес го даде и во Купот на Македонија, каде постигна два погодоци.

Покрај клупските настапи, Николовски е и македонски младински репрезентативец. Тој настапува за репрезентацијата на Македонија до 21 година, за која досега има запишано девет настапи. Неговото присуство во националниот тим е потврда за квалитетот и потенцијалот што ги поседува, а токму тие квалитети го направија интересен за раководството на Тиквеш.

Станува збор за играч кој и покрај младата возраст веќе има значајно искуство во домашниот шампионат и важи за еден од најперспективните фудбалери од средниот ред во Македонија.

Од клубот очекуваат тој да донесе дополнителен квалитет во играта и да помогне во исполнувањето на амбициите во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!