Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Павел Ѓиновски избран во идеалната петорка на турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Капитенот на македонската машка репрезентација до 17 години, Павел Ѓиновски, доби значајно индивидуално признание по настапот на меѓународниот турнир „Рисинг Старс“ кој се одржа во Букурешт.

Иако нашата селекција не ги оствари посакуваните резултати на турнирот, одличните игри на Ѓиновски не останаа незабележани. По завршувањето на натпреварувањето, организаторите го вклучија македонскиот репрезентативец во идеалната петорка, како награда за неговите константни и квалитетни настапи во текот на целиот турнир.

Бекот на Македонија беше еден од најзабележителните поединци на собирот во романската престолнина, а воедно и најефикасен играч во нашиот национален состав. Со своите настапи покажа лидерски квалитети и беше двигател на играта на македонската репрезентација.

Покрај Ѓиновски, во идеалниот тим на турнирот место добија уште двајца кошаркари од Романија и двајца претставници на Грција, селекции кои оставија силен впечаток во Букурешт.

Ова признание е уште една потврда за талентот и потенцијалот на младиот македонски кошаркар, но и охрабрување за иднината на македонската младинска кошарка, која продолжува да создава перспективни играчи за сениорскиот национален тим.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!