Ракомет

Бојаниќ останува во Македонија: Поранешниот пивот на Охрид има нов клуб!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Новиот суперлигаш- Младост Богданци продолжува да го засилува ростерот пред дебитантската сезона во елитата, а најново име во тимот ќе биде искусниот кружен напаѓач Владимир Бојаниќ.

Иако за неговите услуги интерес покажаа повеќе македонски клубови, српскиот интернационалец се одлучи кариерата да ја продолжи во Богданци, каде повторно ќе соработува со тренерот Горан Андоновски. Двајцата веќе работеа заедно во Охрид и очигледно добрата соработка била клучна за новото обединување.

Бојаниќ зад себе остави успешен четиригодишен период во Охрид. Со охридскиот состав се раздели на најдобар можен начин, освојувајќи го трофејот во Европскиот куп на ЕХФ, а во меѓувреме се стекна и со македонски пасош.

Младост Богданци веќе направи неколку значајни потези во пресрет на новата сезона. Клубот ги задржа Живојин Илиќ, Даниел Андоновски и Ѓорѓе Атанасов, а прв професионален договор потпиша младиот Никола Тасев. Во тимот пристигнаа и Тодор Узунчев, Славе Јанковски и Благој Панов, додека клубот се раздели со Кристијан Костадиновски, Лазар Адамовиќ, Никола Димитров и Жоао Гекас.

Со ангажманот на Бојаниќ, богданчани добиваат големо искуство и квалитет на линијата од шест метри, а амбициите за првата суперлигашка сезона стануваат сè појасни.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!