Ракомет

Вардар повторно во европската елита – „црвено-црните“ повторно ќе играат во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Европската ракометна федерација официјално потврди дека Вардар, следната сезона ќе биде дел од најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Македонскиот првак доби специјална покана и повторно ќе се натпреварува со најдобрите европски тимови, враќајќи се на сцената на која во минатото ги испиша најголемите успеси.

Покрај Вардар, место преку вајлд-карта обезбедија уште Архус, ГОГ Гудме, Нант, Монпелје, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, Висла Плоцк, Порто, Партизан, Криенс Луцерн, Целје и Кристијанштад.

Дел од Лигата на шампионите ќе бидат и екипите кои директно обезбедија место во групната фаза – Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Келце, Мелсунген, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт.

Ждрепката за групната фаза е закажана за 26 јуни со почеток во 11 часот, а новата сезона ќе донесе и изменет формат на натпреварување. Наместо досегашниот систем, Лигата на шампионите ќе се игра со шест групи составени од по четири екипи.

За Вардар ова претставува нова можност да се докаже на највисоко ниво и повторно да биде дел од европската ракометна елита.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!