Втора лигаФудбал

Дарко Стојанов се раздели со Кожуф по успешно завршената мисија

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов повеќе не е дел од второлигашот Кожуф. По завршувањето на сезоната, 36-годишниот стопер и клубот од Гевгелија се разделија, откако заеднички ја исполнија главната цел – обезбедување опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Кожуф успеа да го зачува второлигашкиот статус преку баражот, во кој убедливо славеше против Борец, оставајќи го велешкиот тим и натаму да се натпреварува во Третата лига – Југ. Во остварувањето на оваа цел значајна улога имаше и Стојанов, кој со своето искуство и лидерски квалитети беше еден од носителите на играта во одбраната.

Зад Стојанов е богата и успешна кариера. Првите сениорски настапи ги запиша во Вардар, а потоа настапуваше и за Маџари Солидарност, Беласица и Брегалница, каде остави длабока трага и стана едно од препознатливите имиња на клубот од Штип.

Во својата кариера ги носеше и дресовите на Хоризонт Турново, Борец, Ренова, Детонит Плачковица и повторно Вардар, додека интернационално искуство стекна во бугарскиот Дунав Русе.

По завршувањето на епизодата во Кожуф, искусниот стопер е подготвен за нов предизвик. Со оглед на богатото искуство, професионалниот пристап и квалитетите кои ги поседува, нема сомнеж дека Стојанов и понатаму ќе биде интересен за голем број клубови на македонската фудбалска сцена.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!